Музеј на Македонија Logo

Изложбата „Духовите на Африка“

Изложбата „Духовите на Африка“

Музејот на Македонија со задоволство го најавува свеченото отворање на изложбата „Духовите на Африка“ посветена на западноафриканската уметност, на 17. октомври 2018 г. во изложбените сали на музејот. Проектот се реализира во партнерство со Музејот на африканската уметност од Белград, Р. Србија, со уникатни музејски предмети кои ќе бидат дел од овој единствен настан.

Со оглед на тоа што Западна Африка е праколевка на џезот, оваа изложба ја реализираме и во соработка со Скопскиот џез фестивал. Во рамките на изложбата ќе има многу придружни настани што имаат цел да ја афирмираат западноафриканската уметност и нејзината поврзаност со културите и религиите.