Врз основа на чл.22 ст.1 т.1 и чл.23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр.154/14 пречистен текст, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на РС Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), чл.77-а ст.1 и ст.2, чл.77-б, 77-в, 77-г, 77-д, чл.77-ѓ и чл.77-е од Законот за култура (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18 и „Сл.весник на РС Македонија“ бр.265/24 и 132/25), чл.20-г ст.1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на РС Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење регистар на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор („Службен весник на РС Македонија“ бр.242/2024), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот од НУ Музеј на РС Македонија-Скопје бр.01-654/2 од 24.09.2019 година, а во врска со Одлуката за објавување на јавен оглас бр.02-481/1 од 16.06.2026 година и Согласност од Министерство за финансии со архивски број 19-4519/2 од 10.06.2026 година, се распишува следниот:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2026 за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време НУ Музеј на РС Македонија- Скопје, има потреба од вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време, на работното место: - Кустос на збирка за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати, шифра КУЛ 03 04 Д03 002, ниво III (Д3) Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови: - да е државјанин на РС Македонија; - активно да го користи македонскиот јазик; - да е полнолетен; - да има општо здравствена способност за работното место и - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Покрај општите услови за пополнување на работно место – Кустос на збирка за дрвени, покуќински предмети, дрводелски занаети и алати, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови: - најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Хуманистички науки – други хуманистички науки (етнологија и антропологија) - до 1 (една) година работно искуство
Други посебни услови: - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење; - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски). Распоред на работно време: - работни денови: понеделник – петок - работни часови: 40 часа неделно - работно време од 08:00/8:30 до16:00/16:30 часот
Паричен износ на нето плата за работното место изнесува: 54.610,00 денари. Кандидатите за вработување, на јавниот оглас се пријавуваат преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на општите, посебните и други посебни услови за работното место. Пријавата за вработување, кандидатите може да ја подигнат во архивата на НУ Музеј на РС Македонија – Скопје или на веб страната на музејот: www.museum.org.mk Кандидатите кон пријавата треба да ги приложат потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар: - Уверение за државјанство; - Доказ за завршено соодветно образование/диплома за завршен степен на образование кој се бара за работното место; - Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци); - Лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 1 година) ; - Доказ за работно искуство; - Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и - Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавување во дневниот печат. При поднесување на пријавата кандидатите се должни да достават точни и прецизни податоци и треба да го наведат точниот назив на работното место за кое се пријавуваат. Пријавата со комплетна документација кандидатите може да ја достават во архивата на НУ Музеј на РС Македонија или по пошта во затворен плик со назнака „за оглас“ 01/2026“
на адреса на ул.,,Јосиф Михајловиќ“ бр.7, 1000 Скопје, РС Македонија, заклучно со последниот ден од рокот за пријавување на огласот до 15:00 часот. Контакт телефон: 02/3 116 044 Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на податоците и доказите доставени на јавен оглас од страна на Комисија за селекција на кандидатите. Кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција имаат право да продолжат во втората фаза – интервју. Пријавените кандидати, навремено ќе бидат известени за времето и местото за одржување на интервјуто. Селекцијата и интервјуто на кандидатите ќе ги спроведе Комисијата формирана за спроведување на постапката за вработување. Ненавремените и некомплетните пријави и документи нема да се разгледуваат. Изборот ќе се врши, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а најдоцна во рок од 45 дена од истекот на рокот на пријавување. Пријава за Вработување
НУ Музеј на РС Македонија - Скопје директор Александар Ристевски