ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2026 за вработување на 1 (еден) извршител на неопределено време
НУ Музеј на РС Македонија- Скопје, има потреба од вработување на 1 (еден) извршителна неопределено време, на работното место:
Кандидатот треба да ги исполнува следните општи услови:
- да е државјанин на РС Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општо здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови за пополнување на работно место –Конзерватор за керамика, треба да ги исполнува и следните посебни услови:
Други посебни услови:
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време:
Паричен износ на нето плата за работното место изнесува: 54.610,00 денари.
Кандидатите за вработување, на јавниот оглас се пријавуваат преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на општите, посебните и други посебни услови за работното место. Пријавата за вработување, кандидатите може да ја подигнат во архивата на НУ Музеј на РС Македонија – Скопје или на веб страната на музејот: www.museum.org.mk
Кандидатите кон пријавата треба да ги приложат потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар:
Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавување во дневниот печат.
При поднесување на пријавата кандидатите се должни да достават точни и прецизни податоци и треба да го наведат точниот назив на работното место за кое се пријавуваат.
Пријавата со комплетна документација кандидатите може да ја достават во архивата на НУ Музеј на РС Македонија или по пошта во затворен плик со назнака „за оглас“ 02/2026“ на адреса на ул.,,Јосиф Михајловиќ“ бр.7, 1000 Скопје, РС Македонија, заклучно со последниот ден од рокот за пријавување на огласот до 15:00 часот.
Контакт телефон: 02/3 116 044
Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на податоците и доказите доставени на јавен оглас од страна на Комисија за селекција на кандидатите.
Кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција имаат право да продолжат во втората фаза – интервју. Пријавените кандидати, навремено ќе бидат известени за времето и местото за одржување на интервјуто.
Селекцијата и интервјуто на кандидатите ќе ги спроведе Комисијата формирана за спроведување на постапката за вработување.
Ненавремените и некомплетните пријави и документи нема да се разгледуваат.
Изборот ќе се врши, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а најдоцна во рок од 45 дена од истекот на рокот на пријавување.
Пријава за вработување
НУ Музеј на РС Македонија - Скопје директор Александар Ристевски