ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО 2021
Културното наследство за сите
Европска година на железниците
22 - 28 септември 2021
EUROPEAN HERITAGE DAYS 2021
HERITAGE - ALL INCLUSIVE
European Year of the Railway
22 -28 September 2021
22 септември
12:00 ч. Музеј на Република Северна Македонија, Скопје
Отворање на манифестацијата и на изложбата „Нематеријалното културно наследство на Словенија во светлото на конвенцијата на УНЕСКО“
12:00 ч. Народен Музеј Свети Николе, Свети Николе
Отворање на изложбата „Занаети и занаетчиство во Овче Поле“
Музеј на тетовскиот крај, Тетово
Детска работилница – изработка на грнчарски предмети и нивна презентација во музејот
23 септември
11:00 ч. Музеј на Република Северна Македонија, Скопје
Од најновата продукција на македонски етнолошки документарeн филм
11:00 ч. Археолошки музеј на Република Северна Македонија, Скопје
Посета на музејот и работилница организирана за лица со Даунов синдром, во соработка со Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со Даунов синром – Дневен центар „Доза среќа“ од Скопје
12:00 ч. Музеј на град Неготино, Неготино
Отворање на изложбата „Икони и иконостаси од црквите и манастирите од општина Неготино од 18. до почеткот на 20. век“
12:00 ч. Музеј – галерија Кавадарци, Кавадарци
Отворање на изложбата „Соња, Горан, Лазар и нивни гости“
24 септември
Национална галерија на Република Северна Македонија, Скопје
„Прифати го другиот и освести ме“, работилница за деца со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партеније Зографски“ и деца со оштетен вид од „Димитар Влахов“, во рамките на проектот „ДОПИРОТ – идни екологии“, објект Мала станица
Музеј Теракота, Виница
Еднодневна едукативна екскурзија во соработка со Дневен центар за лица со попреченост во развојот - Виница
Музеј Демир Капија, Демир Капија
Организирана посета и работилница насловена „Музејот во очите на децата од Специјалниот завод во Демир Капија“
Посета на железничката станица во Тетово, кадешто ќе се одржи историски час за почетокот на железничкиот сообраќај во Тетово
26 септември
10:00 ч. ХАЕМУС – центар за научни истражувања и промоција на културата
Едукативна интерпретациска тура низ Отоманското наследство на Скопје
27 септември
Oтворање на изложбата „Фотографии од градењето на железничката станица во Тетово 1951-1952“
Завод и музеј Битола, Битола
Организирана посета на Хераклеа Линкестис за лицата со телесен инвалидитет од Битола и промоција на дел од резултатите од проектот Smart-Cul-Tour
28 септември
Музеј на Република Северна Македонија, Скопје
Донација на ранци и друг школски прибор, како и публикации од издавачката дејност на музејот, на децата со оштетен слух и говор од ДУЦОР „Партеније Зографски“
Креативна работилница „70 години од првата Национална поставка“, со деца од бошњачкиот етникум, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември
Отворен ден за посета на сите музејски поставки
12:00 ч. Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија
Отворање на изложбата на 10 тактилни слики, пропратени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст, насловена „ЕДЕН ЧАС“ - ”ONE HOUR - Holocaust museum gives Opportunity to disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition"
12.30 ч. Музеј – галерија Кавадарци, Кавадарци
Презентација на проектот ``Идејна виртуелна реконструкција на ранохристијанската базилика на локалитетот Кртозов рид во с. Дреново“
22 - 28 септември
Најмал етнолошки музеј во светот, с. Џепчиште, Тетовско
Одбележување „30 години македонска културно-исторска мисија на Најмалиот етнолошки музеј во светот од Џепчиште, Тетовско“
Конзерваторски центар Скопје, Скопје
Слободен влез за посета на црквата Свети Спас и на поставката за Гоце Делчев, насловена „Час по историја“
Музеј на македонската борба, Скопје
Изложба „ФОКУС - инклузија и пристапност на музејски артефакти“
Изложба „70 години од првата национална поставка“
Изложби „Допирот“ и „Лукс“, во рамките на проектот „ДОПИРОТ – идни екологии“, којшто се реализира во партнерство со Британскиот Совет, објект Мала станица
Народен музеј Куманово, Куманово
Слободен влез за посета на изложбените поставки за време на манифестацијата
“Учиме за нас“, интерактивни креативни работилници со децата од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“
”Ние во музеј, за тактилни слики и видеа на знаковен јазик за музејски предмети”, интерактивни креативни работилници со учениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености “Кочо Рацин”
Центар за креативни индустрии – НЕБО, с. Суводол, Демир Хисар
Виртуелна ликовна изложба на маргинална уметност
ИКОМОС Македонија
Виртуелни интрепретативни прошетки низ Охрид и Битола, поставени на YouTube каналот
https://rb.gy/by0xqo
Фејсбук: www.facebook.com/ICOMOSMacedonia
Твитер: twitter.com/IcomosMacedonia
Линкдин: www.linkedin.com/company/icomos-macedonia
и Инстаграм: www.instagram.com/icomos_macedonia
1 – 30 септември
Слободен влез за посета на Неолитското село Тумба Маџари во текот на септември (среда до недела)
Слободен влез во повеќето музеи што учествуваат во манифестацијата