Музеј на Македонија Logo

Централна конзерваторска лабораторија

Централна конзерваторска лабораторија

Централна конзерваторска лабораторија

ЦЕНТРАЛНА КОНЗЕРВАТОРСКА ЛАБОРАТОРИЈА - (ЦКЛ)

Централна конзерваторска лабораторија (ЦКЛ) при НУ Музејот на РС Македонија, Скопје, врши заштита на движно културно наследство од сопствените збирки а согласно матичноста дава услуги и на останатите музеи во Македонија.

Во рамките на своето работење во музејската дејност, ЦКЛ делува во повеќе сегменти и активности со програми и проекти, преку основните шест правци на делување: конзерваторски истражувања, непосредна заштита, превентивна заштита а се вршат и други работи од областа на едукација, документација и презентација на културното наследство. ЦКЛ е од исклучителна важност за музејската дејност, стручен тим од специјалисти од различни области, конзерватори, истражувачи и техничари работат на примарно-превентивна и непосредна заштита на музејските колекции во изложбените сали и во музејските депоа за одделенијата Етнологија, Историја и Историја на уметност.

ЦКЛ преку изработка на конзерваторски елаборати, ги проучува, истражува и со научни методи ги обработува податоците во текот на конзервацијата, врши стручни експертизи и процена на штета кај предемтите предмет на конзервација и изведува конзерваторско-реставраторски и други работи на непосредна заштита, изработува документација, уредува презентации и издава публикации со што го популаризира културното наследство во земјата и надвор од неа. Грижата за културното наследство и зачувувањето на неговите историски, уметнички и културни вредности, претставува еден сложен домен на делување на повеќе единки, кон заедничкиот интерес заштитата на културното наследство.

Како надлежна лабораторија за заштита на движно културно наследство на територија на РС Македонија во својата матична дејност: врши стручна контрола на конзерваторски проекти од областа изработени од националните установи за заштита и од локалните музеи, води евиденција на проектите, назначува и врши конзерваторски надзор над изведувањето на работите, ги координира работите при реализацијата на преоктите за заштита, врши стручна контрола на изведени работи на непосредна заштита, дава стручна помош, стручни мислења и предлози, се грижи за унапредување на дејноста и за усовршување на стручните кадри.

Конзервацијата при музејот е комплексен и сложен домен на делување, област во која работат стручни лица специјализирани во засебни области: конзервација на текстрилни материјали, икони, дрво, мебел, коски, кожа, метални материјали, керамика, стакло, порцелан, камена пластика, ѕидно сликарство и др.

Дејноста се одвива во интердисциплинарна тимска работа во која е неопходна соработка и со компетентни стручни и научни лица од други институции и од областа на уметноста, историјата, етиката и естетиката. Современиот пристап на делување подразбира и разбирање на процесите, причините и причинителите за пропаѓање на материјалите, влијанието на климатските променливи фактори, условите во средината на одложување, примена на нови по ефикасни методологии со соодветни материјали и методи за заштита, засновани врз принцип за воспоставување долготраен и одржлив развој.

Дејноста конзервација подразбира и познавање на повеќе принципи и теории во склад со меѓународни регулативи, конвенции и препораки во областа конзервација на културно наследство. Основните појмови во појаснувањето и примената на конзерваторските третмани и терминологијата, се во склад со Резолуцијата за терминологија и конзервацијата на материјално културно наследство и Меѓународниот конзерваторски комитет и совет на музеите (ICCOM CC).

ЦКЛ преку конзерваторски истражувања и реализирање на проекти на национално и регионално ниво, допринесува за унапредување на дејноста како стручна област и како академска дисциплина. Усмерена е кон оспособување, доусовршување и надградување на постоечкиот кадар. Ги зголемува капацитетите за заштита на културното наследство во РСМ, преку едукацијата на нови кадри со континуирана практична работа и стручно оспособување на почетници, студенти и волонтери од областа. ЦКЛ се развива и ја унапредува работата со воведување на нови принципи во конзерваторска документација.

Делува во воведувањето на трајни и одржливи системи за редовна контрола на условите во средината во вид на превенција и согледување на ризици што претставува основа за сеопфатна грижа и воспоставување на поефикасен систем за заштита на збирките. Учествува во подигањето на свеста на поединци и различни групи на корисници како институции, управувачи и ракувачи со културните добра за заначењето и улогата на заштитата на културното наследство со што ја надополнува дејноста на други институции. Учествува и при формирањето на национална стратегија и системска заштита на културното наследство.

Внатрешна организација на ЦКЛ:

заштита на текстилни материјали,

заштита на метални материјали,

заштита на керамика, стакло и порцелан,

заштита на дрво и дрвена пластика,

заштита на икони и ѕидно сликарство,

заштита на камена пластика,

заштита на органски материјали (кожа, хартија, коска...)

фото и техничка документација при ЦКЛ,

хемиска лабораторија,

столарска работилница,

Вработени лица:

д-р Лилјана Ковачовска – Раководител на ЦКЛ,

Советник конзерватор за дрво и дрвена пластика,

(lkovachovska@yahoo.com),

Бранко Величковски – Советник конзерватор за керамика,

(branko.velickovski@yahoo.com),

Маја Микулчиќ Попова – Виш конзерватор за метални материјали

majamik@yahoo.com),

Ана Димчевска Семенпеева – Конзерватор за метални материјали (виш)

(adipolzav@yahoo.com),

Горан Ивановски – Конзерватор за камена пластика (виш)

(ivanovski6oran@yahoo.com),

Иванчо Велков – Конзерватор техничар за камена пластика.