Настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“ потекна од соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија при УГД Штип, со студентски конференции и изложби на плакати на обете теми. Првично замислен како изложба на плакатите од двете конференции во Скопје, овој настан решивме да го збогатиме со други содржини кои се потесно или пошироко врзани со овие теми, а ќе се одвиваат во текот на десетте дена во кои ќе биде отворена изложбата.
Случајно или не, серијата настани започнува на 1 април, денот на шегата, откаде и доаѓа името на настанот. Сведоци сме дека во нашата култура шегата и хуморот многу често се сведуваат на исмевање на другиот, а исмевањето и стереотипизирањето даваат навидум бенигна, но всушност опасна подлога за говор на омраза, дискриминација, дури и цензурирање на другоста.
Ниедно општество во ниеден момент не е имуно на овие искушенија, и секое време да се зборува за овие теми е вистинското време. Особено добро време е сегашното, и тоа токму во Македонија, каде непрестајно сме соочени со дискриминација по многу основи – национална, верска, сексуална, родова...а не ни е непознато ниту цензурирањето токму на гласот на дискриминираните.
Во текот на овие десет дена ќе проговориме за овие нешта – низ слики, зборови, филмови и музика. Ќе позборуваме токму за работите кои се случувале, се случуваат, и конечно треба да престанат да се случуваат. Единственото нешто што заслужува да биде дискриминирано е цензурата, а само дискриминацијата треба да биде цензурирана.
Организатори:
Координатор на програмата: д-р Гоце Наумов
Настани: