Музеј на Македонија Logo

Промоција на прирачникот „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“

Промоција на прирачникот „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“

Во пресрет на  Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во просториите на НУ Музеј на Република Северна Македонија беше промовиран прирачникот „Водич за лица со попреченост при посета на музеите“. Станува збор за прва публикација наменета за вработените лица во музеите во државава, во кои секојдневно, организирано доаѓаат и лица со попреченост.

Водичот ќе им овозможи на вработените во музеите да стекнат основни сознанија за лицата со попреченост и нивните карактеристики, за подобрување на пристапот до музејските поставки и нивно адекватно приспособување според потребите на овие лица, како и стекнување неопходни информации за основните методи и техники на работа. Автори на Водичот се Емилија Георгиева и Сузана Марковска.