24 -25. 04.2018 Црна Гора. Покрај состанокот на Управниот одбор на Европската мрежа за литература и превод „Традуки“, во рамките на делегацијата предводена од Министерот за култура на Р. Македонија м-р Роберт Алаѓозоски, договорена е размена на изложби помеѓу Музејот на Македонија и Народниот музеј на Црна Гора сместен на Цетиње и Музеј и галерија Подгорица од Подгорица.