Ни претставува особено задоволство да вe поканиме на свеченото отворање на тактилната изложбата „ДОПРЕТЕ ГИ ПОКУЌИНСКИТЕ САДОВИ“. Денес ние не ги паметиме рацете на оние што ги создале ниту пак рацете на оние на кои им служеле. Но, на овој начин, преку оваа изложба сакаме да ја пренесеме силата на нивниот дух и времето во кое што се настанати. При нивната изработка не постојат урнеци, мајсторот сам ги креирал нивниот облик, воден од своите потреби, умешноста и креативноста. Со определена, често многу едноставна техника, нашиот народ создал разни видови покуќински садови, од обични до посложени.Голем број од нив ја кријат во себе старата традиција на своето создавање. Презентираните музејски експонати ни овозможуваат да се запознаеме со предмети од покуќнина кои се надвор од употреба, но имаат своја непроценлива вредност, укажуваат на богатото културно наследство од овој вид во нашата материјална култура. Со оваа изложба да ја разбудиме меморијата и со нашите сетила да ги помирисаме овие артефакти, да ги чуеме нивните звуци. Автор на изложбата е Сузана Марковска едукатор при НУ Музеј на Република Северна Македонија. Стручни соработници: Вангел Штериов, Владимир Благојевиќ и Тамара Денесовска. Дефектолог Емилија Георгиева. Технички соработници: Михаило Апостолов, Весна Јанковска и Владимир Деловски. Фотограф на изложбата Филип Кондовски. Лектор Анета Попантовска. Дизајн на каталогот Леон Џинго.