15 Октомври - Меѓународен ден на Белиот стап, ден посветен на слепите и слабовиди лица. Овој ден не потсетува на важноста музеите да бидат достапни за сите, преку создавање на инклузивни простори, изложби и содржини кои им овозможуваат на сите посетители да го доживеат културното наследство на еднаков начин. Во Музејот е поставена тактилната изложба „Допрете ги покуќнинските садови“, која ја посетуваат учениците од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, а потоа учествуваат на едкуативни работилници, каде израборуваат предмети од глина.