Од 1 април 2026 година, на местото директор на НУ Музеј на Македонија назначен е Александар Ристевски, по спроведениот конкурс. Ристевски е избран на конкурсот што го распиша Министерството за култура и туризам во текот на февруари 2026 година.
Дипломира на Институтот за Етнологија и антропологија во Скопје, при УКИМ.
Професионалната кариера тој ја гради во НУ Национална галерија на Македонија, во која работи повеќе од 16 години, како кустос етнолог во Одделението за депо и документација, а претходно како соработник во Одделението за дизајн и маркетинг.
Автор е на туристичкиот водич на англиски јазик Skopje Museum Tour, а курирал изложби на Димитар Филиповски, Антонио Аранѓеловиќ и други, како и останати проекти и изложби, меѓу кои и последната во неговата матична установа „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“.
Долги години е уредник на платформата за за образование, наука и култура Cooltura.mk, која повеќе од петнаесет години ги промовира македонските културни проекти, случувања и политики.