Вчера започна заедничка акција со Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Музејот на Македонија, Националниот конзерваторски центар и Општина Чаир. Преку оваа иницијатива се уредува просторот околу музејскиот комплекс каде ќе бидат дислоцирани сите оштетени и напуштени возила, ќе се изврши целосно чистење, а местото ќе добие нова функција- организиран паркинг за посетителите на Музејот и Старата скопска чаршија. На овој начин, не само што ќе се подобри визуелниот изглед и практичноста на просторот,туку и ќе се овозможи полесен пристап на граѓаните и туристите до културното наследство.