Музеј на Македонија Logo

Ансамбл Македонија - БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ

Ансамбл Македонија - БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ

Во Музејот на Република С. Македонија на 16.11.2023, четврток од 12:00 часот во изложбената сала Етнологија, свечено се отвори изложбата БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ во организација на Универзитетскиот ансамбл Македонија.
На изложбата беа прикажани традиционални носии од Балканските држави како: Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово,Бугарија и Грција, притоа збогатени со музичко сценски перформанс на уметниците од ансамблот и проекција на документарен филм за женските обредни поворки од Краљице, Р.Хрватска.