Центарот за заштита на НУБ под полна пареа во заштита на библиотечните добра! Реставрирана, конзервирана, дигитализирана и вратена на сопственикот Музеј на РС Македонија.
Арапски ракопис од 19-ти век во сопственост на НУ Музеј на Македонија, со инвентарен број ММ 8975У, и основни податоци за идентификација:
Назив: Откривање на површноста (Keshf ul mina) Автор: Мухамед Махмуд бин Али; Препишувач: Мухамед Џелалудин ел Ускуби; Година на препишување: 1894/95 год. (1310 по хиџра); Место: Скопје; Ознака: Инв. бр. ММ 8975У; Имател: НУ Музеј на Македонија; Вид: Ориентален ракопис со арапско писмо; Техника: Композиција од хартија и мастила; Повез: Тврд повез од картон и кожа; Димензии: 20 x 28 cm; Број на листови: 182.