Денес на Музејот на Македонија му беше доделена благодарница за несебична поддршка и придонес во унапредување на квалитетот на образованието на учениците со попреченост. При отворањето на изложбата Димитар Кондовски и македонските бајки“ - калеидоскоп од светот на бајките на Димитар Кондовски“ беше поставена кутија за донации каде посетителите имаа можност да купуваат каталог и на тој начин да донираат парични средства наменети за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златaн Сремец“.
Искрена благодарност до сите оние кои со својата поддршка придонесоа за реализација на оваа хумана иницијатива.