Разловци денес беше местото кое треба да не потсети на борбата на Македонецот за своите слободи и правдини. Цели 150 години од Разловечкото востание.
Големо браво и за Националниот Конзерваторски Центар, Министерството за култура и туризам, Владата, локалната самоуправа и сите оние кои директно беа инволвирани во самиот процес и обновата на објектот, секако и за нас како Музеј на Македонија, со времената поставка во него.
Искрено веруваме и се надеваме дека истиот ќе заживее и ќе го препороди овој прекрасен дел од Македонија. Славното минато на Разловци не смее да се заборави.