На 05 и 07 октомври, во Центарот за едукација, се дружевме со децата од Приватната градинка „Никулец Креатива“.
На првата работилница заедно ја разгледавме Етнолошката поставка и се запознавме со приказната за глината, а на втората работилница децата моделираа садови од глина и боеја боенки со етнолошки мотиви.
Ви благодариме за убавата дружба и споделеното знаење!