Музеј на Македонија Logo

Центар за едукација

Центар за едукација

Денес во посета на Музејот на Македонија и Центарот за едукација ни беа учениците од II-4 одделение од ООУ „Љубен Лапе“.

По разгледувањето на етнолошката поставка, преку едукативна работилница, учениците имаа можност да ја запознаат традицијата на поинаков начин – моделирајќи свои традиционални садови од глина.

Преку креативноста и учењето низ искуство, културното наследство оживува во рацете на најмладите!