Денес во Музејот на Македонија ни беа гости учениците од V-5 одделение при ООУ „Љубен Лапе“. За време на посетата, учениците ја разгледаа етнолошката поставка на музејот со водичите, запознавајќи се со традицијата и културното наследство. Потоа, во Центарот за едукација, учествуваа во креативна работилница на која имаа можност самостојно да моделираат садови од глина, откривајќи ја убавината на грнчарскиот занает преку практична работа.