Музеј на Македонија Logo

Димитрија Димов Чуповски

Димитрија Димов Чуповски

На денешен ден – 29 октомври 1940 година, во Ленинград, починал Димитрија Димов Чуповски (1878–1940), еден од најзначајните претставници на македонската културно-национална мисла. Чуповски бил публицист, поет, картограф и културен деец, кој својот живот го посветил на афирмацијата на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Во 1902 година, Чуповски бил еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, а веќе следната 1093 година станал и негов претседател. Во 1905 година го покренал списанието „Вардар“, преку кое се залагал за културна и национална афирмација на Македонија. Во 1913 година изработил карта на Македонија, со која се залагал за афирмација на македонското прашање пред европската јавност. Преку своите статии, публикации и јавни настапи, Чуповски упорно се залагал за признавање на посебноста на македонскиот народ и за неговото право на културен и национален развој. Неговата дејност била насочена и кон поширока меѓународна афирмација на македонската национална идеја. Неговиот живот и дело претставуваат значаен дел од историјата на македонската културна и национална мисла.

Во Музејот на Македонија се чуваат лични предмети на Димитрија Чуповски.