Две култури, една убавина!
Со учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ одржавме работилница "Две култури, една убавина" посветена на македонските и мексиканските народни носии. Заедно ги истражувавме нивните особености, ги откривавме разликите, но и сличностите што ги поврзуваат овие две култури.
Во бојаџилската работилница се запознавме со начините на боење на материјалите некогаш и денес, откривајќи дел од знаењата и вештините што се пренесуваат низ времето.
Ова прекрасно дружење го заокруживме со мало освежување со лимонада во Старата скопска чаршија.
Различни култури, заедничка убавина!