Музеј на Македонија Logo

Едукативен центар

Едукативен центар

Соработка на Црвен крст на град Скопје и Едукативниот центар при Музејот на Македонија.

Корисниците на социјалната услуга „Дневен престој за стари лица за активно стареење“ учествуваа на креативна работилница за моделирање со глина, реализирана во соработка со Едукативниот центар при Музејот на Македонија.

Преку оваа активност тие креативно се изразија, ја поттикнаа фината моторика и се потсетија на традиционалните занаети и културното наследство. Ваквите активности придонесуваат за социјализација и активно стареење, а успешната соработка со Едукативниот центар продолжува и во наредниот период со нови заеднички едукативни и креативни содржини.