Музеј на Македонија Logo

Едукативна посета на учениците од ООУ„Александар Македонски“

Едукативна посета на учениците од ООУ„Александар Македонски“

Учениците од ООУ„Александар Македонски“ во посета на Музејот на Македонија

Денес, учениците од III-1, III-2, III-3 одделение предводени од наставничките Ленка Стојанова и Александра Спирова, при ООУ „Александар Македонски“ го посетија Музејот на Македонија, ја разгледаа постојаната етнолошка поставка и одблизу се запознаа со богатото етнолошко културно наследство на нашата земја. Во рамките на посетата, учениците имаа можост да откријат дел од богатството на македонската традиција преку разгледување на: народни носии и ткаеници, народниот накит,народната керамика, ликовни дела со етномотиви, традиционални занаети, народни обичаи и народна архитектура.

Постојаната поставка овозможува запознавање со традиционалниот секојдневен живот, семејните обичаи и духовниот свет на македонскиот народ.

Преку ваквите едукативни посети, најмладите учат повеќе за своите корени, ја запознаваат македонската традиција и ја развиваат свеста за значењето на културното наследство.

Ги покануваме училиштата и наставниците да ја искористат можноста за едукативна посета и заедно со своите ученици да го откријат богатството на македонската традиција во Музејот на Македонија.

Влезот за ученици е по симболична цена од 50 денари по ученик.