Музеј на Македонија Logo

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ГРНЧАРСТВО

ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ГРНЧАРСТВО

Денес во Музеј на Македонија се одржаа едукативни работилници на тема Грнчарство — една од најстарите занаетчиски традиции на нашите простори.

Учениците од ООУ “Петар Здравковски Пенко” ја разгледаа грнчарската работилница во Етнолошката поставка на Музејот, ја слушнаа приказната за глината и моделираа садови од глина.

Вакви искуства не само што ги поврзуваат со минатото и традицијата, туку ги развиваат и нивната креативност, фина моторика и стрпливост.