Во текот на вчерашниот ден по повод Европските денови на културно наследство и во склоп на изложбата „Женската рачна работа во семејството Ѓошевски од с.Агино Село“, се одржа едукативната работилница „Волшебниот конец“. Работилницата ја водеа едукаторите Сузана Марковска, Тамара Денесовска и Владимир Благојевиќ со ученици од петто одделение од ООУ Браќа Миладиновци. На работилницата учениците имаа можност да научат како се везе и кои материјали се потребни за везење.