Музеј на Македонија Logo

Едукативна работилница за грнчарство

Едукативна работилница за грнчарство

Денес во Едукативниот центар во Музејот се одржа едукативна работилница за грнчарство, која продолжува како дел од нашата долгогодишна соработка со ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Центар. На денешната работилница учениците имаа можност самите да изработуваат садови од глина, инспирирани од традиционалното грнчарство – барде, стомни, грне и тава.

Преку непосредна работа со глината, тие се запознаа со старите техники и со значењето на грнчарските предмети во секојдневниот живот во минатото.