Музеј на Македонија Logo

Едукативни работилници од проектот „Дознај ја тајната на нашите носии“.

Едукативни работилници од проектот „Дознај ја тајната на нашите носии“.

Денес реализиравме едукативни работилници од проектот „Дознај ја тајната на нашите носии“, со ученици од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ насока- Дизајн на текстил и облека. Учесниците прво се запознаа со процесот на изработка на носии, нивно значење и поделба и потоа следуваше разгледување на народните носиите во Етнолошката поставка. На работилицата се изработуваа различни парчиња облека и накит инспирирани од нашите народни носии и традиционалниот накит.

Проектот е дел од годишната програма на Музејот за 2025 година, финансиски подржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.