На денешен ден, 19ти јули 1935та година, во Чикаго, Илиноис, САД, родена е Елси Иванчиќ Дунин, од родители со хрватско-унгарско потекло.
Елси Иванчиќ Дунин е танцов етнолог, етнокореолог, професор и автор за народни танци. Има посветено 50 години научно-истражувачки труд од 1967-2017 на танците и ората во Македонија.
Меѓу нејзините дела посветени на ората во Македонија е и посебно посветениот труд на ромските танци во Македонија со посебен нагласок на празникот Ѓурѓовден, на ромски Ерделези, при што остава етнографски запис 1970-2017, како подарок на Музејот на Македонија.