Музеј на Македонија Logo

Eтнолошко документарниот филм - Хембој

Eтнолошко документарниот филм - Хембој

Музејот кој има повеќедецениска продукција на етнолошко - документарни филмови продолжува со презентирање на својата програма од визуелната етнологија и во меѓународни рамки. Eтнолошко документарниот филм - Хембој, од етнологот Елизабета Конеска, во продукција на Музејот, ќе биде прикажан во Љубљана помеѓу 27 февруари и 1 март 2025 на реномираниот фестивал - Денови на етнографскиот филм -ДЕФ, каде што во повеќе од 150 апликации од целиот свет е избран во 15 филмови за финалната програма.
Хембој премиерно беше прикажан во рамките на петнаесеттиот Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс.

Македонската публика имаше прилика да го гледа и во Кинотеката на Македонија на јубилејниот 10-ти по ред Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ каде се прикажуваат филмови претставувајќи култури и приказни од целиот свет. Филмот е снимен во Старата скопска чаршија, се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат бојаџискиот занает. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.