Почитувани, во текот на синоќешната вечер во Музеј на Р.С. Македонија се отворија Европските денови на културното наследство. Во следниве седум дена посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе различни настани кои придонесуваат за подигнување на свеста за нашите традиции и културни богатства, како дел од заедничкото европско наследство.
Манифестацијата се отвори со изложбата ,,Женската рачна работа во семејството Ѓошевски од с. Агино Село” чиј автор е м-р Наде Костадиновска-Спасеновска.