Почитувани, вчера во Музејот се отвори изложбата ,,Скицирани таваници” чии автори се Горан Павловски и Боро Бунтески. Настанот се реализираше во рамките на затворањето на Европските денови на културното наследство. Во изложбата се претставени цртежи на резбани таваници коишто биле дел од ентериерот на македонската градска куќа во XIX век. Автор на цртежите е архитект, проф. д-р Петар Намичев кој преку цртежите го доловил ентериерното обликување во македонската куќа, како уметничко творештво со естетски вредности.