Музеј на Македонија Logo

ГАЛИЧКА СВАДБА

ГАЛИЧКА СВАДБА

Свадбата во с.Галичник во минатото се одржувала на 12 јули, на ден Петровден. Свадбата била поврзана со доаѓањето на печалбарите од туѓина, во селото, за време на летниот период. Таму пак ергените ги чекале нивните свршенички, кои пак како свршеници можеле да седат и до две години.

Затоа во минатото на овој ден се правеле повеќе свадби. Нивната бројка некогаш достигнувала и до 20, 30 свадби. Тие биле проследени со низа обичаи и со изобилство на свадбени песни, кои се запишани од голем број на етнолози. Еве една која се пее при доаѓањето по невестата.

„Чуму ти се баш девојко
тие туѓи луѓе
што ти пеат, баш девојко,
горе на чардаци.
Што ти седит, баш девојко
горе на чардаци“.
Што ти седит баш девојко,
вино и ракија.
Тие ми се мој другачки,
најмила роднина,
тие ми се мој другачки,
свекор и свекрва.

Денес пак, познатата Галичка свадба, претставува манифестација со масовна посетеност. Таа е еден голем гласник на нашето културно наследство, проследено токму низ свадбените обичаи, народната носија, накитот и магиската заштита на невестата за обезбедување на пород и продолжување на лозата.