ГЛИНА ШТО ЧУВА СПОМЕНИ
Денешното утро во Едукативниот центар при Музејот на Македонија го посветивме на креативно дружење и создавање преку заедничка работилница.
Во рамки на нашата заедничка соработка, во пријатна и опуштена атмосфера, повторно се дружевме со нашите пријатели од Дневниот престој за стари лица за активно стареење при Црвениот крст на град Скопје.
Глината, како материјал што низ вековите ги чувал трагите од човековото живеење, денес стана простор за создавање на нови лични приказни, форми и спомени. Оваа средба уште еднаш ни покажа дека музејот не е само место каде што се чува културното наследство. Тој е и место за средба, разговор, учење и создавање – отворено за сите генерации.
Секој вторник од 9:30 часот продолжуваме со креативните работилници за пензионери.
Бројот на места е ограничен на 15 учесници.
Пријавување на нашите социјални мрежи или на следниот број - 071 837 046