Во Кинотеката на Македонија, директорката на Македонскиот културно- информативниот центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, на Елизабета Конеска- етнолог во Музеј на Македонија официјално и ја предаде Гран при наградата од публиката за најдобар документарен филм на меѓународниот фестивал TEФ Фест Крк 2025. Наградата ја доби филмот „Хембој“ во продукција на Музејот на Македонија. „Хембој“ е филм за единствениот бојаџиски занает во Старата скопска чаршија, сведоштво за наследството на занаетите и традициите како и на секојдневните активности во мултиетничката средина во чаршијата во Скопје. Филмот триумфираше меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет.