Музеј на Македонија Logo

,,Грнчарство"

,,Грнчарство"

Ни претставува чест и задоволство што денес ја реализиравме завршната презентација на проектот ,,Грнчарство” во соработка со ОУРЦ ,,Иднина”. Учениците денешниот облачен ден ни го претворија во најсветол, со голема возбуда, емоции и љубов ни ги раскажуваа работилниците презентирајќи ги нивните изработени дела. На презентацијата беше присутен и директорот на музејот Борче Топуковски, тој на учениците им порача: ,,Во Музејот на Македонија секогаш ќе бидете добредојдени и прифатени со многу љубов што ја носиме во себе за вас.“

Соработката помеѓу Центарот за едукација и ОУРЦ ,,Иднина” трае повеќе од 15 години и се надеваме дека ќе продолжи и понатаму.

Ве сакаме и ве очекуваме повторно.