Музеј на Македонија Logo

„Грнчарство“

„Грнчарство“

Продолжуваме со активностите во рамките на едукативниот проект „Грнчарство“, кој го реализираме со корисниците на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци.

На денешната работилница, учесниците боеја боенки со мотиви на традиционални грнчарски садови, запознавајќи се со нивните форми и украсувања.

Преку креативна работа и дружење, продолжуваме да го истражуваме светот на грнчарството и да ја запознаваме традицијата на поинаков и интересен начин.