Музеј на Македонија Logo

Хембој - етнолошко документарен филм на фестивалот ТЕФ Фест Крк 2025

Хембој - етнолошко документарен филм на фестивалот ТЕФ Фест Крк 2025

Хембој - етнолошко документарниот филм од етнологот Елизабета Конеска, во продукција на Музејот на РС Македонија во конкуренција од 134 пријавени филмови на фестивалот ТЕФ Фест Крк 2025, во Хрватска, избран во 72 филма во официјалната натпреварувачка фестивалска програма. Филмот е сниман во текот на 2014 - 2015 година и скоро десет години подоцна, во 2023. Филмот е сведоштво за наследството на занаетите и традициите како и на секојдневните активности во мултиетничката средина во чаршијата во Скопје. Повеќедецениската продукција на етнолошко - документарни филмови во Музејот како и презентирањето на овие филмови на фестивали во регионот и во светот има голем придонес во популаризирање на македонската визуелна етнологија во меѓунарондни рамки.