Почитувани, во понеделник, на 19 август во 20.30 часот ве покануваме на платото пред Музеј на Р. С. Македонија каде во рамките на петнаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм MakeDox - „МакеДокс“ ќе биде прикажан етнолошко документарниот филм ,,Хембој“ во продукција на Музејот на Република Северна Македонија чиј автор е етнологот Елизабета Конеска. Снимен во старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.
Програмата на овој меѓународно етаблиран Фестивал годинава е сочинета од 92 филмови.