Во склоп на програмата на манифестацијата "Илинденски денови" во Битола, пред бројни учесници на фестивалот, етнолози, фолклористи и лица од фелата, во Центарот за култура Битола беше одржана промоција на реизданието на Етно албумот со илустрации од Олга Бенсон и Марија Малахова.
Албумот е издание на Музејот на Македонија, за кој пред бројната публика и гости зборуваа директорот на Музејот, Александар Ристевски, професорот на УГД од Штип, д-р Владимир Јаневски, и авторот на проектот, Благоја Тасевски, од Музејот на Македонија.