Музеј на Македонија Logo

Инклузивна работилница

Инклузивна работилница

Неделата за подигнување на свесност за аутизмот ја започнавме денес со заедничка активност во Центарот за едукација каде се одржа инклузивна работилница со учениците од ОУРЦ „Др. Златан Сремец“ заедно со учениците од ООУ „Димитар Миладинов“.
После разгледувањето на етнолошката поставка, се реализираше заедничката работилница со боење на боенки, сложување сложувалки и играње домино со етнолошки мотиви. Ваквите заеднички споделувања на активности се од особено значење, бидејќи поттикнуваат разбирање и прифаќање - вредности кои се темел за едно похумано општество.