Музеј на Македонија Logo

Изложба „АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА“

Изложба „АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА“

На изложбата „АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА“ која е отворена од 28-ми ноември и ќе трае до 15-ти март 2020 година, презентирани се повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу два навидум далечни простори. Изложбата е од единствен карактер бидејќи за прв пат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес.

На изложбата претставени се повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.

Автори на изложбата се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис. Таа се реализира во соработка помеѓу Музеј на Република Северна Македонија и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Музеј на град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и Национална установа Стоби.