Музеј на Македонија Logo

Изложба „Африкански лица“

Изложба „Африкански лица“

На 16.06.2021 (среда) во 20:00 чaсот ќе биде отворена изложбата „Африкански лица“. Ќе бидат претставени повеќе фотографии од реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски, дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка. 

Меѓу нив особено се истакнуваат прекрасните портрети на народот Сури којшто е една од најизолираните заедници населена во Југозападна Етиопија. Оваа изложба ќе биде убава можност да се запознаете со архаичната култура на народот Сури, но исто така и да го посведочите уникатниот талент на фотографката Билјана Јуруковски

Куратор на изложбата „Африкански лица“ е Гоце Наумов со што ја продолжува низата на изложби во музејот, а кои се однесуваат на африканските култури („Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“).

Како и претходните изложби, така и оваа ќе биде пропратена со неколку јавни настани и средби со фотографката Билјана Јуруковски.