Денес во Музеј на Република Северна Македонија се отвори изложбата БАЛКАНСКИ РЕФЕРЕНЦИ во организација на Универзитетскиот ансамбл Македонија каде можевме да видиме традиционални носии од Балканските држави. Изложбата беше збогатена со впечатливиот музичко сценски перформанс на уметниците од ансамблот и проекција на документарниот филм за женските обредни поворки од Краљице, Р.Хрватска. Со фотографиите ви ја пренесуваме возбудливата атмосфера од овој настан.