Изложбата „Македонија низ магијата на фотообјективот“ беше отворена денес во Музеј на Р. С. Македонија Идејата на настанот е да се доближат изворните вредности на нашата земја промовирани преку мотиви од оригинални разгледници и фотографии кои ги прикажуваат македонските градови, населени места, објекти, природни убавини и животот на луѓето од крајот на XIX и првата половина на XX век. На фотографиите подолу можете да доловите дел од атмосферата на изложбата која плени со својата посебност и уникатност.