Во саботата (16.03.2024г), во Музеј на Република Северна Македонија се отвори првата самостојна изложба на аналогни фотографии ,,Осетливи ткива” на Васил Тасевски кој како мултимедијален уметник живее и работи во Франција. Неговото разнолико творештвото вклучува визуелни и перформативни уметности (театар, акробации, инстлации, фотографија, видео, перформанс..) кои експериментално и шармантно се надополнуваат низ соединување на различни искуства градејќи свој идентитет. Ви пренесуваме дел од ова доживување на фотографиите подолу. Изложбата ќе биде отворена до 13ти април.