Музеј на Македонија Logo

Изложба низ страниците на весникот „Вардар“

Изложба низ страниците на весникот „Вардар“

Вчера во Музејот на Македонија се отвори изложбата „Рекламирање на стопанството и индустриско-занаетчиски производи во Скопје низ страниците на весникот „Вардар“

Изложбата нè враќа во Скопје од периодот меѓу двете светски војни, откривајќи го градот преку рекламите, огласите и страниците на весникот „Вардар“. Од локалните дуќани, кројачки салони и чевларски работилници, до аптеките, продавниците за деликатеси, хотелите, ановите, филмот и театарот – рекламите се драгоцени сведоштва за секојдневниот живот, економскиот развој и модернизацијата на тогашно Скопје.

Посетете ја изложбата и откријте едно поинакво Скопје – видено низ страниците на „Вардар“