Музеј на Македонија Logo

Изложба природнонаучен музеј

Изложба природнонаучен музеј

Во соработка со Природнонаучниот музеј, во рамките на одбележувањето на 100 години од неговото постоење, мини изложбата која промени неколку локации, сега е во просторот на Музејот на Македонија, Етно музејот во Македонското село во Горно Нерези.

Добрите институционални односи помеѓу директорот на Музеј на Македонија, Александар Ристевски, и директорот на Природнонаучниот музеј, Ивица Заркадов, навестуваат и бројни други соработки во периодот кој следи, а истите се пред се со цел да се анимира што е можно поголема публика, а музеите да станат по блиски и по достапни до народот.

Етно музејот работи од вторник до недела, 10 до 18 часот. Неработни се само понеделниците. Влезот е слободен.

Во самиот етно музеј имаме прекрасна мала продавничка во која можете да си купите бројни сувенири. Посетете не!