Музеј на Македонија Logo

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2022

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2022

Врз основа на член 20-г став 1 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/2019 и 14/2020), член 77-а став 1 алинеја 1 и став 2, 77-б, член, член 77-г 77-д, член 77-ѓ од Закон за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013; 44/2014; 61/2015; 154/2015; 39/2016 и 11/2018), член 22 од(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/2020 и 151/2021), член 2 и 3 од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријава за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот бр.01-654/2 од 24.09.2019 година,  и  Известувањето од Министерство за финансии со арх.бр.31-5894/3 од ден 19.05.2022 година, се распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2022

1. НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје, има потреба од вработуваање на 1 (едно) лице, давател на јавни услуги, на неопределено време, за следното работно место:

- Кустос за Народно-ослободителна борба во Македонија, шифра КУЛ0304Д03002 на ниво III (Д3), 1 (еден) извршител.

2. Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

- да е државјанин на Република Северна Македонија;

- активно да го користи македонскиот јазик;

- да е полнолетен;

- да има општо здраствена способност за работното место и

- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

3. Посебни услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

Кандидатот за работно место - Кустос за Народно-ослободителна борба во Македонија, со шифра КУЛ0304Д03002 на ниво III (Д3), треба да ги исполнува следните посебни услови:

- стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен -Историски науки

- работно искуство: без работно искуство.

4. Паричен нето износ на плата

Паричен износ за основна месечна нето плата за работно место Кустос за Народно-ослободителна борба во Македонија, изнесува 35.838,00 денари.

5. За работното место Кустос за Народно-ослободителна борба во Македонија, предвидено е работното место да се пополни со македонската националност.

6. Рок за доставување на пријави

Рокот за доставување на пријавите за вработување со потребните документи изнесува 15 дена (петнаесет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневен печат и на интернет/веб страната на Музејот, www.museum.org.mk

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот или да се симне од интернет страната на Музејот, www.museum.org.mk

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци.

Кандидатите, треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:

  • Пријава за јавен оглас;
  • Кратка биографија;
  • Мотивационо писмо;
  • Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци) 
  • Доказ за завршено соодветно образование во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
  • Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци.
  • Доказ за познавање на странски јазик.
  • Сертификат за работа со компјутери.

Кон пријавата кандидатот може да достави и докази за дополнителни стручни усовршувања во врска со работното место кое се пополнува.

Пријавите со потребната документација е потребно да се достават во затворен плик со назнака „За Јавен оглас“ до НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје преку пошта на адреса „Јосиф Михајловиќ“ бр.7 1000 Скопје или во архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје.

Некомплетно или ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.

                                                          

                                                 НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје

                                                                                                в.д.директор 

                                                                                                Илија Цурев