Музеј на Македонија Logo

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2024

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2024

Врз основа на член 77-а став (1), став (2) и став (5),  член 77-б, член 77-в став 1, член 77-г,  член 77-д, член 77-ѓ и член 76-е од Закон за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98; 49/03; 82/05; 24/07; 116/10; 47/11; 51/11; 136/12; 23/13; 187/13; 44/14; 61/15; 154/15; 39/16 и 11/18) , член 20-г став 1 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/1572/15, 129/15, 27/16, 120/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работното место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење регистар на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор  ( ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 34/2015), Правилник за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот од НУ Музеј на РС Македонија бр. 01-654/2 од 24.09.2019 година,  Правилникот за систематизација на работните места во НУ Музеј на Република Северна Македонија, Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии  со архивски број 19-10256/2 од ден 14.10.2024 година, НУ Музеј на РС Македонија објавува:
 

                                                                                                                                        ЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2024
                                                                                                 За вработување на неопределено работно време на едно лице

 

НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје, објавува јавен оглас за вработување на 1 (едно) лице, за следното работно место:
- Виш конзерватор техничар на керамика
во Централна конзерваторска лабораторија со шифра на работно место КУЛ0304Ѓ01002

Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да е државјанин на Република Северна Македонија и
  • активно да го користи македонскиот јазик.

Посебни услови за работното место:

- за нивото Ѓ01- да има завршено вишо образование или високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС, ( ликовна уметност),

- најмалку две години работно искуство во струката;

Распоред на работно време

работни денови: понеделник- петок

работни часови неделно: 40 часа

работно време од 08:00 до 16:00 часот

Паричен износ на нето плата за работното место изнесува 42.369,00 денари.

Кандидатите за вработување  се пријавуват на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.

Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија или на веб страната на установата www.museum.org.mk.

Кандидатите кон пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:

  • Уверение за државјанство;
  • Доказ за општа здравствена споособност на работното место/ лекарско уверение за (не постаро од 6 месеци);
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда  не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
  • Доказ за завршено  образование/ диплома за завршен степен  на образование кој се бара за работното место;
  • Доказ за работно искуство.

Јавниот оглас трае  15 ( петнаесет) дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

При поднесување на пријавата лицето го наведува точниот назив на работното место за кое се пријавува. Кандидатите се должни да достават точни и презицни податоци.

Пријавата со комплетната документација кандидатите можат да ја достават директно во архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија или  по пошта во затворен плик со назнака „за оглас 03/2024“ на адреса на ул „Јосиф Михајловиќ“ бр.7, 1000 Скопје РС Македонија, заклучно со последниот ден од рокот за поднесување на огласот, до 15:00 часот.

Лице за контакт: Ленче Дејановска, телефон 02/ 3 116 044

Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и докази доставени на јавниот оглас и интервју.

Кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција имаат право да продолжат во втората фаза-интервју. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и место за одржување на интервјуто.

Селекцијата и интервјуто на кандидатите ќе ги спроведе Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.

Ненавремени и некомплетни пријави и документи нема да се разгледуваат.

Изборот ќе се врши во зависност од бројот на пријавени кандидати, а најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.


Линк за пријавување: Аплицирај