Музеј на Македонија Logo

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2024

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2024

Врз основа на член Член 77-а став (1) и (2), член 77-б, член 77-г, член 77-д, член 77-ѓ од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20) , член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр 34/2015), Правилникот за систематизација на работните места во НУ Музеј на Република Северна Македонија, согласноста од Министерство за финансии број 19-1635/2 од 24.01.2024 година, НУ Музеј на Република Северна Македонија објавува
 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2024

За вработување на неопределено време на едно лице

НУ Музеј на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на неопределено време на едно (1) лице за следното работно место:

Библиотекар, шифра КУЛ0304Д03001, Високо Филозофија.........................................1 извршител

Општите услови кои треба да ги исполнува кандидатот се:

  •  да е државјанин на Република Северна Македонија,
  •  активно да го користи македонскиот јазик,
  •  да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • co правосилна судска пресуда да не му с изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работното место

  • За нивото ДОЗ – да има завршено ВСС co 240 кредити по ЕКТС или VII/1 степен -филозофија
  • co работно искуство до една година

Распоред на работно време за работното место:

  • Работни денови понеделник – петок, 40 работни часови неделно, работио време од 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата за работното место изнесува 39.272 денари

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.

Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија Скопје или на WEB страната на установата (Пријава за вработување)

Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Доказ за општа здравствена способност за работното место/ Лекарско уверение (не постаро од 6 месеци)
  • Доказ дека co правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/ Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност (не постаро од 6 месеци)
  • Доказ за завршено образование/Диплома за завршен степен на образование кој се бара за работното место
  • Доказ за работно искуство

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

Пријавата со комплетните документи кандидатите можеат да ја достават во архивата на НУ Музеј на Република Северна Македонија, ул. „ Јосиф Михајловиќ, бр. 7, Скопје, Македонија“, заклучно со последниот ден до 15.00 часот

                При поднесување на пријавата лицето го наведува точниот назив на работното место за кое се пријавува. Кандидатите се должни да достават точни и прецизни податоци. Селекцијата и интервјуто на кандидатите ќе ги спроведе Комисија формирана за зпроведување постапка за вработување.

Пријавените кадидати ќе бидат наремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена и нецелосна пријава и документација нема да се разгледува од Комисијата.

НАПОМЕНА: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2024 година, вработувањето е предвидено за Албанец/ка.

Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавени кандидати, а најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
 

                                                                                                                                                                                                                                                    НУ МУЗЕЈ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА